Да, сите апарати доаѓаат со целосна гаранција која трае 15 дена од подигање на пратката.
Да, ние професионално ги тестираме и/или реставрираме сите објавени апарати/камери. Доколку некој продукт има некакво оштетување истото е наведено во описот.
Во описот на секој производот е наведено што е вклучено со него и/или што ќе ти е потрбно за да почнеш со фоткање.
За аналогни апарати најчесто ти треба 35mm филм и компатибилна батерија. Деталите за секој модел се наведени во описот на производот.
Сите нарачки направени пред 14:00 часот од ПОН-ПЕТ се испраќаат во истиот ден, нарачките направени после 14:00 часот се испраќаат наредниот работен ден. Времето за испорака низ Македонија е околу 2 до 3 работни дена откога ќе ја испратиме пратката.